20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Кирацовски: Никогаш да не се повтори ништо како холокаустот

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник во Собранието Александар Кирацовски денеска во Битола по повод одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи, изави дека маршот во чест на депортираните еврејски семејства од Макдеонија треба во светот да испрати порака за мир, заедништво и соживот.

„Преку овој марш симболично ќе ја претставуваме патеката по којашто токму тука од Битола чекореле 793 семејства коишто биле депортирани.Овој трагичен настан во Битола испраќа порака до светот, како истиот може да биде суров, може да биде ранлив доколку навреме не се спротивставиме на злото. Затоа, денеска на 75-годишнината од депортацијата на евреите од Битола и Македонија, чекорејќи по нивните стапки, до светот ќе ја испратиме пораката за соживот, мир, а овие настани да останат во историјата и никогаш да не се повторат“, изјави Кирацовски.

Спонзорирано: