21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Царовска за исчезнатата штитеничка од Домот 11 октомври

„За само еден месец имаме втор скандалозен случај со штитеници од дом за деца без родители, кoj што министерството за труд и социјала се обидува да го сoкрие од јавноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и бара оставка од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Од партијата тврдат дека седумнаесет годишно девојче било исчезнато скоро 4 месеци а службите дури пред два случајот го пријавиле во МВР.

„ Зошто некој сакал да го сокрие исчезнувањето на седумнаесет годишното девојче од Домот за деца без родители? Дали министерката Мила Царовска е запознаена што се случува низ институциите на министерството и дали некој воопшто се грижи за штитениците од домовите? Што треба да се случи за Мила Царовска да ја признае неспособноста, да се извини и да го препушти местото на некој што ќе знае да ја врши функцијата“, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека пред само еден месец 13 годишно малолетно девојче забремени откако била сексуално злоставувана и малтретирана, „а никој не сноси никаква одговорност за истиот грозоморен чин. После тоа слушнавме за дете кое шест месеци било исчезнато и пронајдено на скопските улици“, посочуваат тие.

Партијата бара одговорност од министерката Мила Царовска односно бара таа да поднесе оставка поради неспособноста да ја води институцијата.