12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп бара конкретни чекори од Пјонгјанг пред средбата со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се додека не види конкретни чекори од Пјонгјанг, соопшти Белата куќа. Швајцарија е подготвена да биде домаќин на историскиот состанок, соопштено е од Берн.

„Претседателот нема да одржи состанок доколку Северна Кореја не покаже конкретни чекори и конкретни акции“ соопшти портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, пренесе Ројтерс.

Ким Џонг Ун го повика претседателот на САД на состанок, а Трамп рече дека го прифаќа повикот, што претставува пресвртинца без преседан во односите на двете земји, објави Би-Би-Си.

Јужнокорејски претставници во Вашингтон, кои објавија дека двајцата лидери би можеле да се сретнат веќе во мај, на Ким усмено му ја пренесоа пораката од Трамп и порачаа дека севернокорејскит лидер е посветен на денуклеаризација.

Северан Кореја се уште не објавила никакво официјално соопштение за актуелните настани. Американскит претседател пак на својот Твитер
ја потврди информацијата дека до мај ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја. Трамп истакна дека дошло до голем напредок, но дека санкциите за Северна Кореја остануваат на сила.

Трамп не е првиот претседател на САД што добил покана од Пјонгјанг, но е првиот што ја прифатил. Ниту еден американски претседател досега не се сретнал со лидер на Северна Кореја. САД и Северна Кореја немаат дури ни официјални дипломатски односи.

Спонзорирано: