18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На Весна и починал сопругот – На врата и тропнала полиција и ја привела

Топ тема во Србија овие денови е веста за жена која поради неплатена казна од 5000 динари завршила во затвор.

Според информациите настанот се случувал во Пожаревац, а соседите на несреќната жена велат дека не знаат дали да се смеат или да плачат на нејзината судбина.

Сето ова се случува бидејќи 58-годишната Весна Н. на тие години дочекала државата да ја смести зад решетки бидејќи заборавила во одреден рок да го предаде оружјето на покојниот сопруг.

Според информациите на срспките медиуми единствениот грев на Весна бил како што велат соседите, тоа што таа не прочитала на сајтот на Министерството за внатрешни до кога е рокот за предавање на пушката на покојниот маж.

Соседите ја опишуваат жената дека храброја ја поднела  загубата на сопругот и се грижи за децата, и не заслужила ваков удар за тоа што е навистина чесна жена.