12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Демократската партија е финансирана од Русите

Албанскииот премиер Еди Рама упати остри критики на адреса на опозициската Демократска партија на Албанија, која, според него, за време на последните избори била финасирана од страна на Русија.

Рама побара од јавното обвинитество да покрене обвинение и да се утврди одговорност и на лидерот на Демократите, Лулзим Баша. Тиранскиот весник „Дита“ пишува дека станува збор за финасиска подршка за Демиократската партија која дошла за време на последните избори во земјата од страна на поранешниот офицер на КГБ, Евгениј Шерементјев, кој преку една непостоечка компанија „Биниата Транде“ во САД, уплатил еден милион долари за потребите на Демократска партија на Албанија.

За финасирањето на Демокатрската партија од руски бизнисмени во САД пишувале и одредени американски медиуми .
Лидерот на опозицијата во Албанија, Лулзим Баша демантираше било какво финасирање на Демократска партија од страна на руски бизнисмени.

„Оваа се смешни тврдења, со цел да се отргне вниманието на јавноста од лошото водење на Владата на Еди Рама на земјата“ рече Баша.

Во албанските провладини медиуми има бројни коментари во кои се наведува дека опозицијата во Албанија особено раководството има одредени влијанија од Русија.

Спонзорирано: