27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Предмалку се огласи премиерот Зоран Заев во врска со синоќешното апсење – еве што соопшти

Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти, порача Зоран Заев, премиер Македонија на својот фејсбук профил

– Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства.

Институциите мора да бидат целосно посветени во служба на граѓаните и во функција на владеењето на правото, рече Заев.

Инаку синоќа апсен е вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, дознава Скај.

Според информациите, лицето е уапсено под сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

По налог на ОЈО, денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од КЗ “Злоупотреба на службена положба и овластување” .