14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата вечерва со неочекуван потег – Еве што всушност ќе се случи со мерцедесот на Груевски

На вечерашната седница Владата одлучи да се сопре продажбата на „мерцедесот“ вреден 600.000 евра што го набави претходната влада.

Ваквата одлука е донесена со цел да осигури дека никој нема да ја искористи оваа постапка за да избегне одговорност во судскиот процес каде ова возило е материјален доказ.

За набавката на „мерцедесот“ СЈО отвори предмет „Тенк“ кој е во судска постапка.

Владата го формираше и Советот за следење на имплементацијата во правосудството за период 2017-2022.

Со ова тело претседава премиерот Зоран Заев, а помеѓу членовите на ова тело не се наоѓаат имињата на оние кои во изминативе 11 години беа дел од негативните појави во правосудството.