24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Интервенирала и полицијата: Сакала да го помине викендот со љубовникот, но мажот и се вратил порано

Љубовник сокриен во ормар предизвикал две полициски интервенции во Бремен.

Германка стара 38 години била крајно одлучна во намерата нејзиниот партнер по никоја цена да не го открие нејзиниот љубовник во ормарот.

Одлучна до таа мера што подраго и било апсењето.

Со љубовникот планирала да го помине цел викенд, но мажот ненадејно се вратил во неделата наутро.

Затоа почнала да вика по него и предизвикала караница со цел на љубовникот да му даде време да се сокрие. Соседите, загрижени дека се работи за семејно насилство, повикале полиција.

Полицајците се обиделе да ги смират сопружниците, но тоа не им успеало па ги одвеле во станица.

Кратко потоа, полицијата била повикана на интервенција во истиот стан. Несреќникот во ормар не можел да излезе од заклучениот стан па ги повикал пријателите да му помогнат. А тие ја скршиле вратата.

Полицијата не извести дали љубовникот завршил во истата келија со парот.

Спонзорирано: