11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот на Антикорупциската комисија поднесе оставка

Претеседателот на Антикорупциската комисија, Игор Тантуровски, утрово до Собранието поднесе оставка.

Ова е втора оставка во период од два дена откако вчера и членот и експретседател на Антикорупциската комисија, Горан Миленков, поднесе оставка од Државната комисија за спречување корупција.

Основното јавно обвинителство Скопје на 1 март оформи предмет по допрен глас ​за трошењето буџетски средства од страна на членовите на комисијата. Ревизорскиот извештај на УЈП за работата на ова тело покажа дека некои од членовите користеле неверодостојни патни налози за кои им биле исплаќани патни трошоци. Дополнително, како ненаменско трошење буџетски пари се посочуваат и трошоците за ручеци и вечери во ресторани што членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување стан.

Ревизијата се однесува на составот на Комисијата на чело со претседателот и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова-Аџикотарева и Сејди Халили, кои на оваа функција во ДКСК се од април 2015.

Тантуровски претходно рече дека нема намера да поднесе оставка и дека објавените податоци од ревизорскиот извештај биле извадени од контекст.