3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и НАТО е најголем гарант за стабилноста и безбедноста на Европа

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари заедничка средба со Алехандро Алваргонзалес, помошник-генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, и со Мачеј Поповски, заменик-генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија.

На заедничката средба се разговараше за евро-атлантските аспирации на Република Македонија во контекст на пораките содржани во новата стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година.

„Се наоѓаме во исклучително важен, може да се рече, историски период, кога ни е неопходен национален и општествен консензус за конечно да го затвориме прашањето за ЕУ и НАТО“, истакна Османи потенцирајќи ги притоа пораките на стратегијата на Европската комисија, кои прецизно го исцртуваат земјите од Западен Балкан до полноправно членство во Европската Унија.

Во продолжение Османи реферира и за состојбите со имплементацијата на планот 3-6-9, особено во делот на реформите на правосудниот систем, реформите на безбедносните служби, како и реформите на јавната администрација.

„Постои јасно изразен европски оптимизам, што претставува исклучително важен поттик за Владата, но и целото општество, кои се целосно посветени на евро-атлантските интеграции на Република Македонија“, додаде Османи.
Коментирајќи ги европските и евро-атлантските перспективи на регионот, соговорниците се согласија дека само сигурен, стабилен и прогресивен Западен Балкан како дел од европското семејство претставува гарант за иднината, стабилноста и безбедноста на Европа во целина.

Спонзорирано: