18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски-Тимоние: Преку имплементација на реформските приоритети до позитивна препорака за членство

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, денеска во Собранието на РМ се сретна со амбасадорот на Република Франција во земјата, Кристијан Тимоние.

На средбата беше потврдена определбата за меѓусебна соработка и поддршка на реформските процеси во Република Македонија во интерес на граѓаните.
Се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите од планот 3-6-9 и можноста преку имплементација на реформските приоритети да се обезбеди позитивна препорака за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Двајцата соговорници разговараа и за подобрување на функционалноста на Собранието на Република Македонија, како и за унапредување на политичкиот дијалог, кој е неопходен за демократските процеси во земјата.

Во однос на унапредувањето на односите меѓу Република Македонија и Република Франција, амбасадорот Тимоние најави дека во следниот период Франција ќе се посвети на поттикнување на иновациите и науката во Република Македонија преку создавање научна програма за иновации.