21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Облак го продолжил престојот на „Метрополитано“

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, за шпанските медиуми изјавил дека голманот Јан Облак го продолжил договорот со клубот.

„Доколку тоа досега не беше познато, Облак го продолжи договорот“, рекол Серезо, без да соопшти какви било други детали од договорот на Словенецот.

Јан Облак е еден од најдобрите светски голмани, а според шпекулациите, неколку врвни европски клубови покажувале интерес за неговите услуги.

Словенецот оваа сезона во Ла Лига на 25 натпревари примил само 11 гола.

Облак во Мадрид пристигна во јуни 2014 година од Бенфика. Атлетико за неговите услуги на португалскиот тим му плати 16 милиони евра.

Спонзорирано: