22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Им снемало бензин па застанале – регионот не памети ваква несреќа, глетката била страшна

Две млади момчиња, 23-годишниот Вукашин Јеличиќ и 23-годишниот Горан Петровиќ од Србија, загинаа во страшна несреќа каква што не се памети во регионот.

Околу 4 часот утринава, двајцата со своето возило се враќале од вечерно излегување, но одеднаш снемале бензин.

Застанале со возилото, а потоа повикале другар да им донесе гориво.

Додека чекале наишол уште еден возач со мерцедес, па се обидел да ги шлепа.

Во моментот кога момчињата ваделе шише за бензинот од гепекот на автомобилот, налетал автомобил марка Рено и се забил во нив.

На едното момче му биле пресечени буквално двете нозе од телото кое летнало на патот.

И второто момче починало од ударот.

Автомобилот бил буквално смачкан и на момчињата им немало спас.

Спонзорирано: