21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Икарди нема да патува за Русија

На нешто помалку од четири месеци до почетокот на Светското првенство во Русија аргентинските медиуми објавија дека селекторот Хорхе Сампаоли решил во тимот што ќе настапи на мундијалот да го нема најдобриот стрелец на Интер, Мауро Икарди.

Одлуката е изненадувачка, но и логична, бидејќи Икарди, иако според квалитетите заслужува место во репрезентацијата, нема добри односи со поголем дел од играчите.

Икарди има одиграно само четири натпревари за Аргентина.

Аргентина се мачеше во квалификациите за пласман на мундијалот, а најголем проблем беше играта, односно тимот преполн со ѕвезди е зависен од Лионел Меси.

Медиумите во оваа земја заклучија дека кога веќе нема игра, Сампаоли решил барем во соблекувалната да има добра атмосфера.

Спонзорирано: