3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев и Османи на прием кај Тереза Меј: Очекуваме препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ

На приемот што во чест на шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, го приреди премиерката на Велика Британија, Тереза Меј денеска присуствуваа и македонскиот премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Како што информираат од владината прес-служба на одвоената средба на Заев и Османи со британската премиерка Тереза Меј и министерот за надворешни работи, Борис Џонсон, изразен бил посебен интерес за спроведувањето на реформите во Република Македонија, како и за добрососедските односи и за проектите во регионалната соработка.

Заев ја информирал Меј и за најновите активности на Владата во евро-атлантските интеграциски процеси, со посебен акцент на очекувањата нашата земја да добие препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ, како и за очекувањата Република Македонија да биде 30-тата земја членка на НАТО во 2018 година.

Премиерката Тереза Меј и министерот за надворешни работи Борис Џонсон на средбата уште еднаш ја изразиле силната поддршка за Република Македонија во аспирациите за членство во ЕУ и НАТО.

Спонзорирано: