17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ ќе се сретне со Меркел во Берлин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ замина во работна посета на Берлин, каде ќе се состане со канцеларката Ангела Меркел.

Вучиќ патува во Белград на повик на германската канцеларка, а со највисоки воени почести ќе биде пречекан во седиштето на шефицата на германската Влада.

Се очекува главни теми на состанокот да бидат билатералните односи, регионалните прашања, како и европските и економско-политичките теми.

Вучиќ вчера на заедничка прес-конференција за новинари со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер рече дека е голема чест да се разговара со Ангела Меркел.

По посетата на Берлин, Вучиќ во четврток ќе замине за Софија, каде ќе се сретне со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и лидерите од Западен Балкан.

Спонзорирано: