10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Раздвижено во зградата на Владата – еве што се случува

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна, 56-та седница, на чијшто дневен ред ќе се најдат предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија, како и предлог – законот за изменување и дополнување на законот за судовите.

Од Владата соопштија дека на предлог на заменик претседателот на Владата за економски прашања, на денешната седница министрите ќе ја разгледаат и информацијата за можноста за понатамошно вклучување на Република Македонија во Регионална иницијатива – Програма за развој на зелени градови. Истовремено, министрите ќе ја разгледаат и информацијата со предлог – решение за нормално функционирање на ИПАРД структурата и соодветно искористување на средствата од Европската Унија.

Владата на 56-тата седница, на предлог на министерството за труд и социјална политика, ќе го разгледа оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018-та година.

Пред министрите исто така ќе се најде и информацијата за реформите на средното стручно образование, конкретно за техничкото образование.

Спонзорирано: