3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје 13 сообраќајни незгоди, тројца повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица добиле лесни телесни повреди. Шест возила се исклучени од сообраќајот бидејќи четири биле нерегистрирани, а две технички неисправни.

Шест возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле и тројца не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Во текот на изминатиот ден издадени се 78 мандатни платни налози, а 49 возила се подигнати со пајакот.

Спонзорирано: