21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На разрешената јужнокорејска претседателка ѝ се заканува казна затвор од 30 години

Oбвинителството од Јужна Кореја побара 30 години затвор за сменетата претседателка, Парк Геун-хје, на судењето за корупција и злоупотреба на власта. Разрешувањето на 66-годишната Парк беше потврдено во март 2017 година од страна на највисоката судска институција во земјата во рамките на корупцискиот скандал што ја потресе тамошната јавност.

Оттогаш Парк е во притвор речиси една година.

„Бараме од судот да изрече затворска казна од 30 години, односно парична санкција од 118,5 милијарди вони (89 милиони евра) против обвинетата која треба да се смета за крајно одговорна за скандалот во својство на 18-ти претседател на оваа земја“, побара обвинителството во изјава прочитана на рочиштето.

Обвинителството ја товари Парк дека се согласила или била убедена на мито од 59,2 милијарди вони од три јужнокорејски конгломерати – Samsung, Lotte и SK во замена за политички услуги.

Поранешната шефица на државата е обвинета дека принудувала 18 големи компании да дадат вкупно 77,4 милијарди вони во две сомнителни фондации под контрола на нејзината соработничка од сенка, Чои Сун-сил. Судот од централниот округ на Сеул неодамна ја осуди Чои Сун-сил на 20 години затвор за злоупотреба на власта, корупција и мешање во државните работи.

Спонзорирано: