14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Цивилите неможат да ја напуштат Гута поради гранатирања

Поради гранатирања на хуманитарен коридор во близина на бегалскиот камп Вафидин, цивилите неможат да ја напуштат сириската енклава источна Гута, изјави шефот на групата која ја контролира зоната на деескалација во Сирија, Виктор Панков.

„Во девет часот утрото е отворен хуманитарен коридор за цивили, за да ја напуштат оваа зона. Сега е во тек интензивен вооружен напад на екстремистите и цивилите не заминаа“ рече Панков, пренесува ТАС.

Претходно, како што пренесе сирискита новинска агенција САНА, екстремистите од терористичката група Ел Нусра почнале да го гаѓаат хуманитарниот коридор.