10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објавен идентитетот на полицаецот кој не преземал ништо за време на масакрот во Флорида

Американските медиуми објавија фотографија од полицискиот службеник кој не преземал никаква акција за време на нападот во средното училиште во Флорида, во кој животот го загубија 17 лица. Скот Петерсон не преземал апсолутно ништо за да го спречи напаѓачот, но тој смета дека сепак завршил добра работа бидејќи го пријавил местото на масакрот и го опишал убиецот, пишува „Њујорк Пост“.

Полицаеот тврди дека бил „расеан“ поради нападот, но верува дека ја извршил својата должност. Шерифот на округот Бровард, Скот Израел, го суспендирал 54-годишниот Петерсон, кој најверојатно ќе биде отпуштен откако ќе се спроведе детална истрага. Официјалниот претставник на полицискиот синдикат, Џим Бел, исто така, зборуваше за овој огромен неуспех.

„Мора секогаш да се дејствува, дури и ако тоа значи ризикување на сопствениот живот за да ги спасиме другите. Тоа го барам и очекувам од сите членови на синдикатот“, рече Бел.

Петерсон бил полицаец задолжен за редот и мирот во средното училиште Марџори Стоунмен Даглас последните девет години, а годишно заработувал плата од 75 илјади долари. По инцидентот во училиштето, американскиот претседател, Доналд Трамп, најави можно вооружување на наставниците со цел да се спречат вакви масакри во иднина.

Спонзорирано: