10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад во Кабул: Бомбаш-самоубиец активирал експлозив во близина на Американската амбасада

Најмалку 20 лица загинаа во два одделни напади во Авганистан, објавија локалните власти.

Осумнаесет војници загинаа, а двајца беа повредени во напад на талибанците во западниот дел на Авганистан, соопшти Министерството за одбрана. Војниците биле убиени во напад на контролен пункт во областа Бала Булук, во провинцијата Фарах.

Во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, пак, животот го загубиле две, а седум лица се повредени. Нападот, за кој одговорноста ја презедоа џихадистите на Исламската држава, се случил во областа Шах Дарак, недалеку од седиштето на НАТО во Кабул и Американската амбасада. Властите стравуваат дека билансот на жртви во Кабул би можел да биде и поголем.