10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Надал планира да игра и во двојки на турнирот во Индијан Велс

(МИА) – Вториот светски рекет Рафаел Надал планира да настапува и во парови на тенискиот турнир од Мастерс сериите во март  во Индијан Велс.

Ова е прв настан од највисоката категорија АТП и ќе се одржи помеѓу 8 и 18 март.

Шпанецот планира да се приклучи во игра на двојки со својот сонародник Пабло Карењо-Буста кој ќе биде негов партнер.

Надал се мачи со повреди уште од октомври минатата година. Минатата сезона во Индијан Велс беше поразен во осминафиналето од Роџер Федерер.

Спонзорирано: