15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Избрано ново раководство на ПФМ

(МИА) – Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска  се одржа Вонредното собрание по барање на Иницијативниот одбор на кое учествуваа 14 клуба со решение за дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт од вкупно 25 каде едногласно беше изгласан Статут, претседател, заменик претседатели за пливање, далечинско пливање и ватерполо, Управен одбор и останати тела на Пливачката федерација на Македонија, соопштија од Иницијативниот одбор.

За претседател на Пливачката федерација на Македонија едногласно со вкупно 28 гласа беше изгласан Дарко Нашков, предложен од ПК Челични од Штип.

За потпретседатели беа изгласани: претседател за пливање Мартин Стефановски, претседател за пливање на отворени води Кире Трендафилов, ватерполо Сашо Спировски кои едногласно бес изгласани со 28 гласа од вкупно 14 делегирани клуба. Едногласно беше изгласан и новиот Управен одбор и тоа: Тодоровски Сашо, Ернест Вацев, Мустафа Рамадани, Наташа Мешковска, Александар Спирковски, Милчо Верушевски, Катерина Стојановска.

На собранието присуствуваа вкупно 15 клуба од кои 14 со право на глас.

Истото го поздравија и посакаа успешна работа, претставници од Агенцијата за млади и спорт ,Томче Андоновски (сектор спорт) и директорот Дарко Каевски.

Спонзорирано: