11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Кинк: Можеме да ја победиме Русија на еден од десет натпревари

(МИА) – Германскиот хокеар Маркус Кинк е презадоволен од пласманот во финалето на олимпискиот турнир. Тој во борбата за златото фаворитската улога ја препушта на Русите.

– Направивме подвиг со победата над Канада во полуфиналето. Може да кажам дека одигравме величествен меч. Што се однесува до финалето, Русите се фаворити. Тие од натпревар во натпревар ги покажуваат своите квалитети. Имаме малку шанси со нив. Ако одиграме десет меча, на еден можеби ќе славиме. Да се надеваме дека тоа ќе биде финалето, изјави Кинк.

Германија е сензационалниот финалист во машкото хокеј финале. Борбата за златото со Русија почнува утре наутро во 5 часот и 10 минути.

Спонзорирано: