20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Втор ден и прогласување на победниците на натпреварот во уметничко лизгање во Скопје

(МИА) – Со перформанс на мраз на најмладите лизгачи и лизгачки од Македонија и настап на Мијата синоќа свечено беше отворен Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“.

На првиот натпреварувачки ден настапија 15 натпреварувачки од три држави во три интерпретативни категории.

Натпреварот продолжува и денеска, а на мразот своите вештини ќе ги покажат учесниците од категориите Кадети Ц (6-8 години), Кадети Б (8-10 години), Младинки и младинци – 11+ години, Јуниорки и Сениорки.

Церемонијата на прогласување на победниците во сите категории ќе се одржи во 12:30 часот на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Натпреварот, чија цел е да го промовира и популаризира уметничкото лизгање како спорт во Македонија, е во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија и спортскиот центар „Борис Трајковски“.