13.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанската полиција тргнала да го апси Пуџдемон, а таму ги пречекал комичар

Шпанската полиција сакала да го уапси каталонскиот лидер, Карлес Пуџдемон, но набрзо сфатила дека во прашање е само негов двојник.

Двојникот бил комичар облечен како поранешниот каталонски лидер, кој во моментов се наоѓа во егзил во Брисел.

Комичарот Хоакин Рејес за шпанската радиопрограма „Ла Вентана“ изјавил дека му пришле шестмина полицајци додека бил облечен како Пуџдемон и изведувал скеч во рамки на телевизиската комедија „Ел интермедио“ во предградие на Мадрид.

Рејес рекол дека полицијата добила предупредување оти Пуџдемон се вратил во Шпанија и е во Мадрид. Тој додал дека полицајците се насмеале кога сфатиле дека не дошле до вистинскиот човек.