5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Апсења по заплена на кокаин во руската амбасада во Аргентина

Шест лица се уапсени за шверц на дрога откако во руската амбасада во Буенос Аирес властите заплениле речиси 400 килограми кокаин.

Акцијата во која била пронајден кокаинот е спроведена во заедничка полициска операција на руските и аргентинските служби, која траела речиси една година. Истрагата почнала во 2016 кога рускиот амбасадор во Аргентина кај локалните власти пријавил сомнителен багаж во анексот на амбасадата. Се претпоставува дека шверцерите се обиделе да пренесат 16 торби кокаин од амбасадата преку дипломатска пратка.

Во рамките на полициската операција, властите го замениле кокаинот со брашно додека сè уште бил во просториите на амбасадата, објави „Ројтерс“.

„Уред за следење беше ставен во куферот што требаше да биде испратен во Русија“, изјавила аргентинската министерка за безбедност, Патрисија Булрич. Во рамки на акцијата, во Аргентина биле уапсени две лица, од кој еден полицаец, додека останатите осомничени биле уапсени во Русија. Еден од лидерите на криминалната мрежа сè уште е во бегство и е во Германија, рекла Булрич.

Инаку, вредноста на кокаинот се проценува на 50 милиони евра.

Спонзорирано: