3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Хорор пред американската амбасада: Маж фрли граната врз амбасадата во Подгорица, по што се разнесе

„Нападот се случи кратко по полноќ“, објави владата на Црна Гора на Твитер.

Во првото официјално соопштение за нападот се додава дека непознат човек изврши самоубиство со експлозивна направа, а дека пред тоа фрлил експлозивна направа во американската амбасада од раскрсницата во близина на спортскиот центар.

Притоа се додава дека направата фрлена во амбасадата најверојатно е кашикара.

На местото на нападот, како што јавуваат медиумите има големо полициско обезбедување. На зградата на дипломатското претставништо нема видливи оштетувања. Граѓаните во областа претходно слушнале две експлозии.

Првично нема информации за повредени. Амбасадата спроведува интерна процедура за да ја потврди безбедноста на сите нејзини вработени.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт на Твитер соопшти дека „имало мала експлозија во близина на американската амбасада и оти се работи на идентификување на напаѓачот.

Амбасадата ги предупреди граѓаните на САД да останат настрана се до следното известување.

„Американската амбасада во Подгорица ги советува граѓаните на САД да ја избегнуваат амбасадата во Подгорица, бидејќи има активна безбедносна ситуација“, е соопштено на веб-страницата на американската амбасада во Црна Гора.

Амбасадата, исто така, им советува на Американците да избегнуваат големи собири во главниот град Подгорица и да ги следат локалните медиуми за натмошниот развој на ситуацијата.

Спонзорирано: