12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Сарин, првиот Малезиец во кралската класа

Хафиз Сарин ќе биде првиот Малезиец кој ќе се натпреварува во кралската класа во Мото ГП. Сарин сезонава ќе вози за Јамаха тех 3.

23-годишниот Сарин во тимот ќе го замени Германецот Јохан Фолгер , кој поради здравствени проблеми ќе ја пропушти цела сезона. Фолгер боледува од „синдромот Жилбер“, болест што го напаѓа црниот дроб.

Малезиецот во периодот од 2011 до 2017 година возеше за Калекс во Мото 2 шампионатот.

Најдобриот резултат во вкупниот пласман му е деветтата позиција во 2016 година, кога на две трки успеа да заврши меѓу најдобрите тројца.

Вториот возач на Јамаха Тех 3 ќе биде Жоан Зарко од Франција.

Спонзорирано: