13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Њујоршки бар им забранува на посетителите да изговараат збор што воопшто не е вулгарен

Прекумерната и често погрешна употреба на зборот „буквално“ (анг. literally) во секојдневниот говор во САД нервира многумина, но никој досега не отишол толку далеку колку еден бар во Њујорк, кој буквално го забранил користењето на тој збор.

„Во секојдневниот говор нема збор што повеќе нервира, а ние нема да го толерираме тоа“, се вели во известувањето на влезот во барот „Континентал“ во квартот Ист Вилиџ на Менхетн.

Секој гостин кој ја почнува реченицата со „Јас буквално…“ ќе има пет минути да го испие својот пијалак и да го напушти барот, предупредуваат оттаму.

Во Америка зборот „буквално“ се користи премногу често и неточно, со цел да се каже „речиси“, „практично“ или „за малку“.

На пример, фразата „буквално умрев од смеа“ во лингвистичка смисла би требало да значи дека говорникот е веќе мртов.

И покрај критиките за злоупотреба на зборот, водечките англиски речници веќе реагираа со воведување нови дефиниции за неговото значење.

Инаку, членовите на популарното американско семејство Кардашијан се познати по честата употреба на зборот „буквално“, што исто така им пречи на сопствениците на „Континентал“, кои на натписот ја додале и пораката „Да го сопреме влијанието на Кардашијан“.

Спонзорирано: