9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција со закана до силите на Асад: Не влегувајте во Африн зашто ќе станете цел

Турција не е во директни преговари со сириските власти, но, сепак, предупредува дека доколку сириските сили влезат во северозападниот регион Африн со цел да ѝ помогнат на курдската милиција, ќе се соочат со сериозни последици и ќе се сметаат за легитимни воени цели, рече портпаролот во Анкара.

Портпаролот на турскиот претседател, Таип Ердоган, Ибрахим Калин, денеска изјави дека владините сили, кои вчера со 40 до 50 возила се обиделе да влезат во регионот Африн, се повлекле под артилериските напади од турските воени сили кои се борат против курдската милиција.

„Секој потег на режимот или другите елементи, во смисла на овој проблем, несомнено ќе резултира сериозни последици“, рече Калин на прес-конференција.

Турција минатиот месец во северната сириска област Африн почна голема операција против курдската милиција чии членови Анкара ги смета за терористи. Властите стравуваат дека овие елементи можат да направат проблеми на јужната турска граница.