11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Американка ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл за нападите во Париз во 2015 година

(МИА) – Жена од Чикаго, која била во кафуле во Париз за време на терористичките напади во 2015 година, ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл, со тврдење дека тие соучествувале во ширувањето на групата Исламска држава, давајќи и пристап до социјалните мрежи.

Весникот „Чикаго Сан-Тајмс“ јави дека Манди Палмучи поднела тужба во Чикаго минатата недела. Во тужбата се наведува дека таа била во кафуле во Париз каде беа убиени повеќе од 12 лица и оти е емотивно повредена.

Во нападите врз кафулето, стадион и концертна сала во Париз загинаа 130 лица, а одговорноста ја презема Исламската држава.

Фејсбук соопшти дека на неговата страница нема место за оние што се занимаваат со тероризам, ниту за содржини кои поддржуваат таква дејност.

Твитер и Гугл не одговориле на барањата на весникот за коментар.

Слични судски тужби беа поднесени и на други места, но беа отфрлени со аргумент дека онлајн провајдерите со закон се ослободени од одговорност за содржините кои ги објавиле нивни корисници.