14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Османи-Ланг: Од швајцарските искуства може да се нучи за ефикасна имплементација на Законот за јазиците

Вицепремиерот, Бујар Османи, денеска оствари средба со заменик-државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Швајцарија, Кристина Марти Ланг.

Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата се разговарало за билатералната соработка меѓу двете земји, особено континуираната финансиска поддршка од страна на Швајцарија, како една од првите и најдолгорочните земји донатори во развојот и напредокот на Република Македонија.

„Швајцарија претставува една од најважните земји пријатели на Македонија, чија финансиска поддршка датира уште од 1992 година, додека политичката поддршка, веројатно уште порано“, истакнал Османи на средбата.

Воедно додал дека искуствата на Швајцарија во организацијата и примената на мултијазичното општество ќе претставуваат значаен инпут за поефикасна имплементација и на новиот Закон за употреба на јазиците во Република Македонија.

„Покрај поддршката, Швајцарија претставува и значајна политичка и општествена инспирација за Република Македонија, како позитивен пример за функционално мултикултурното општество“, рекол вицепремиерот. За време на средбатa Османи исто така ги пренел и впечатоците на Владата од новата Стратегија на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година.

Спонзорирано: