4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Иванов положи венец во мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара

Во рамки на официјалната посета на Република Турција, претседателот Иванов утрово во Анкара положи венец во мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк.

Предвидено е денеска претседателот Иванов да биде примен од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќео ствари средби со претседателот на Владата на Република Турција, Бинали Јилдирим, и со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Исмаил Караман.