21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган потврди: Почнува опсадата на Африн

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потврди дека турските сили ќе почнат со опсада на Африн во северна Сирија во наредните денови.

„Следниве денови ќе почне опсадата на Африн“, рече Ердоган пред турските парламентарци.

Целта на воената операција е од Африн да бидат протерани припадниците на Курдските единици за заштита на народот, за кои Турција смета дека се продолжена рака на курдските бунтовници во Турција. Овие единици се сојузници на американските сили во борбата против Исламска држава во Сирија, но Анкара ги смета за терористи.

Операцијата „Маслинова гранка“ почна минатиот месец.

Спонзорирано: