23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Да си подадеме рака и да си ги простиме грешките

Најголемата опозициска партија испрати честитка по повод големиот христијански празник Прочка, до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, како и до сите православни верници во Македонија и дијаспората.

„Ова е денот кога секој од нас ја чувствува милоста Божја, кога бараме да ни се простат гревовите и им простуваме на сите оние кои што ни грешат.

Покајанието и простувањето се патот кон спасението, но и духовното обединување на овој народ кој со векови ја негува оваа традиција. Токму признавањето на своите слабости и барањето прочка за нив човека го прават посилен за да се спротивстави на сите предизвици и премрежија.

Нека спокојот и мирот владеат во секој наш дом, а трпението и богоугодните мисли ни дадат божја мудрост како да ги пребродиме мрачните времиња кои му се закануваат на секој од нас и на нашата Татковина Македонија.

Да си подадеме рака, брат на брат, сосед, пријател и ближен и да се сплотиме да си ги простиме грешките и од нив да изнесеме поука зошто само така ќе покажеме дека светоста на љубовта кон својата Татковина Македонија секогаш може да го победи мракот“, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: