14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Петти Меморијален турнир во мал фудбал „Никогаш заборавени” во Кавадарци

(МИА) – Меморијален турнир во мал фудбал „Никогаш заборавени” се реализира денеска во Кавадарци, во организација на навивачката група „Лозари”, која постои од 1991 година, а во спомен на прерано згаснатите животи на Mитко Влајков, Александар Ташев-Фанта, Дуле Јованов, Дано Јорданов-Караџа, Даниел Мустеников-Рогуш, Виктор Стојановски-Пират, Златко Милков-Шатка и Драган Пендев-Гаго.

Навивачката група од Кавадарци низ годините е ветер во грб на фудбалскиот, ракометниот и кошаркарскиот клуб „Тиквеш”.

Во своето обраќање кон присутните, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев меѓу другото нагласи, дека спортот и навивачката група, секогаш ќе ја имаат поддршката на локалната самоуправа.

Турнирот кој традиционално се организира на „Прочка, се одигрува во спортската сала ДТВ “Партизан”. Присутни се и членови од братската навивачката група „Чкембари”.

Спонзорирано: