10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба Димитров -Лајчак на Минхенската безбедносна конференција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ги почна активностите на Минхенската безбедносна конференција која се одржува во периодот од 16 до 18 февруари 2018 година.

На првиот ден од Конференцијата Димитров оствари повеќе средби за афирмација на реформската агенда и стратешките приоритети. На заедничката средба со заменик-претседател на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, и со еврокомесарот Јоханес Хан се разговараше за важноста од мериторен и кредибилен процес на проширување, со што ќе се реализира заедничкиот европски интерес за брза интеграција на Република Македонија и регионот.

На средбата со претседателот на Генералното собрание на ООН, Мирослав Лајчак беа разменети мислења за актуелниот регионален контекст и политичките динамики. Соговорниците се согласија дека новосоздадениот моментум во политичките текови во Република Македонија не смее да се пропушти.

Спонзорирано: