20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Крај на бракот меѓу Џенифер Анистон и Џастин Теру

Американските актери Џенифер Анистон и Џастин Теру соопштија дека донеле заедничка одлука за развод. Во соопштението објавено од публицистот на Анистон се наведува дека одлуката била донесена заеднички и со многу љубов.

Тие одлучија да соопштат и да објаснат дека се разведуваат во обид да ги спречат шпекулациите. Парот наведува дека ќе продолжат да се почитуваат и ќе ја задржат љубовта што ја имаат еден спрема друг.

Анистон и Теру се свршија во август 2012 година, а се венчаа во август 2015.

Спонзорирано: