Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го уништи ГТЦ со барок, трговскиот им се враќа на граѓаните

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да поднесе што Градскиот трговски центар повторно им се враќа на граѓаните, на дуќанџиите, што новата димензија на овој објект ќе значи повеќе зеленило и враќање на неговата автентичност. Ваква е реакцијата на СДСМ, по критиката упатена од опозицијата, која пак, смета дека отворањето на старата постојка во ГТЦ нема да го заживее трговскиот центар.

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Градскиот трговски центар ниту пак за градот Скопје. Со години ВМРО-ДПМНЕ го запоставуваше ГТЦ, додека околу него потроши стотици милиони евра пари на граѓаните за лажен барок и споменици, само за остварување на нечии криминални интереси. Речникот со којшто ВМРО-ДПМНЕ се обраќа кон јавноста, преку лош хумор, потсмевајќи им се на граѓаните, уште еднаш потврдува дека оваа партија не може да го пронајде својот политички курс. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште функционира по матрицата којашто 10 години ги газеше интересите на граѓаните.“, велат од СДСМ.

Влдајачката партија во соопштение посочи дека јавноста се уште памети како ВМРО-ДПМНЕ спротивно на интересите на граѓаните сакаше да го уништи ГТЦ со барок, само за да оствари уште некој криминален тендер. Оттаму додаваат дека ГТЦ е спасен и повторно им се враќа на граѓаните.

Партиските реакции следат откако денеска, со музички хепенинг, повторно беше отворена автобуската постојка во сутеренот на ГТЦ на која ќе застанува автобусот со број 50.

Спонзорирано: