3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ: Бурунди го повлече признавањето на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Бурунди го повлече признавањето на Косово како независна држава.

„Овие денови во Приштина се одбележува десетгодишнината од едностраното прогласување на независност на Косово, па би сакал да дадам прилог. Донесов нота од министерството за надворешни работи на Бурунди со која тие го повлекуваат признавањето на Косово“, изјави Дачиќ на вонредна прес-конференција.

Тој рече дека на овој начин се покажува колку е кревка независноста на Косово и дека листата од 116 земји кои го признаваат е лажна.

Дачиќ се заблагодари на честитката од американскиот Стејт департмент по повод Денот на државноста на Србија и рече дека американската влада за прв пат во официјално соопштение потсетила на сојузништво со Србија.

Спонзорирано: