12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Најголемиот противник на Путин ги спасува Московјаните од натрупаниот снег

Престолнината на Русија деновиве е затрупана со тони снег, а неговата висина во одредени места достигнува и до 40 сантиметри.

Според пишувањата на медиумите, снегот во градот соборил околу 2000 стебла.

Некои делови од големиот град се тешко проодни, па жителите со недели чекаат надлежните служби да го отстранат снегот од нивните улици. Тоа е најголемата количина снег забележана во Москва уште од далечната 1957 година.

И покрај речиси безизлезната ситуација, некои Московјани, изгледа не можејќи повеќе да издржат, пронашле спасоносно решение, пишува „Би-Би-Си“.

Новинарот Михаил Козирјев, пред десетина дена на својот Фејсбук профил им предложи на граѓаните на натрупаниот снег со кои се заглавени нивните улици, да напишат „Навални“, со цел во што пократок рок да ги натераат работниците на комуналните претпријатија да го исчистат снегот.

„Навални“ се однесува на името на Алексеј Навални, лидерот на руската опозиција и најотворен критичар на претседателот Владимир Путин, кој во повеќе наврати зборуваше за корупцијата во власта.

Кога жителите на московскиот регион Нагорнји го напишале името на опозиционерот на снегот, и натписот и снегот брзо биле отстранети од погледите на минувачите и жителите. Со оглед на тоа што „Навални методот“ се покажал како многу успешен, набргу почнале да го применуваат и жителите на останатите затрупани делови на руската престолнина.