14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рамзан Кадиров: Путин треба доживотно да управува со Русија, тој ја препороди Чеченија

Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадирови изјавил дека Владимир Путин би требало доживотно да управува со Русија.

Исто така, Кадиров му се заблагодарил на Путин на сè што направил за Чеченија и тоа го напишал на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Кадиров рекол дека за време на 11-те години свое владеење со Чеченија постојано имал мотив да ја оправда довербата на рускиот претседател.

„Сакам нашиот претседател, нашиот врховен командант доживотно да управува со Русија, а ние верно да му служиме и да ги решаваме сите задачи на највисоко ниво“, рекол чеченскиот претседател.

Кадиров оценил и дека, благодарение на Путин, Чеченија во целост го искоренила тероризмот и решила бројни социјални и економски проблеми.

„Чеченија е република која цвета, создадени се сите услови за работа, образование и адекватен одмор“, заклучил Кадиров.

Спонзорирано: