17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Девојка загинала додека во автомобил чекала зелено на семафор

Во петокот околу 15.50 часот во тешка сообраќајна несреќа на Славонска авенија во Загреб загинала млада жена, која се наоѓала во „фиат пунто“.

Несреќата се случила кога 48-годишник со „фолксвафен транспортер“ зафатил мек терен на тротоарот, па налетал на заштитна ограда, а потоа го продолжил движењето по тротоарот.

Потоа со предниот дел на возилото налетал на задниот дел на автомобилот „фиат пунто“ со кој управувала 25-годишна девојка, а во тој момент чекала пред раскрсница поради црвено светло на семафор.

На лице место смртно настрадала 25-годишната девојка, пренесоа хрватските медиуми.

Спонзорирано: