14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дијалогот меѓу Атина и Скопје е охрабрувачки, порача Могерини

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, во Софија изјави дека дијалогот меѓу Скопје и Атина за прашањето за името е охрабрувачки и оти се надева оти наскоро ќе даде позитивни резултати.

„Сметам дека билатералните прашања како што е тоа за името се многу деликатни, а јавното мислење во двете земји е важно. Тоа значи дека е потребно политичко лидерство, голема храброст, решителност и јасна визија за тоа што е добро за сопствените граѓани. Многу сум импресионирана од тековниот дијалог меѓу Атина и Скопје и подготвена сум да го поддржам на каков било начин. Се надевам дека наскоро ќе се дојде до позитивен резултат“, рече Могерини по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати.