8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Автобусот со број 50 од утре повторно ќе застанува во ГТЦ

Автобуската станица во Градскиот трговски центар од утре повторно ќе функционира. Десет украински автобуси со број 50 на ЈПС ќе застануваат на оваа автобуска станица.

Како што информираат од Градот, автобуската линија со број 50 со назив на линија Хиподром – Клинички Центар, во правец кон Клинички центар ќе сообраќа по изменета траса и тоа: по автобуската постојка „МНТ“ на улицата „Филип 2 Македонски“ ќе ја користи постојката во сутеренот на Градски трговски центар, а потоа ќе ја користи автобуската постојка „Центар-Рекорд“.

Во правец од Клинички центар кон Хиподром, автобуската линија број 50 ќе сообраќа по постојната траса.