11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи експремиерот Никола Груевски – еве што порача по тврдењата на Лиле Поповска кои ја потресоа јавноста

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски на неговиот Фејсбук профил објави дека пратеничката Лилјана Поповска барала од него нејзниот зет да биде ослободен од притвор.

Груевски вели дека притворот на зетот на Поповска дознал лично од неа, на средба во Владата која што се одржала по нејзино барање.

Груевски пишува дека излегувањето на пратеничката Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“ се должи токму на фактот што одбил да се меша во работата на судот и обвинителството.

„Јас како премиер, прв пат дознав дека зетот на пратеничката Лилјана Поповска е притворен од неа лично, три месеци откако бил притворен, на средба во Владата која се одржа по нејзино барање.

На таа средба и на неколку други подоцна, пратеничката Поповска бараше од мене, нејзиниот зет да биде ослободен од притвор.

До ден денеска мислам и уверен сум дека иако таа тоа експлицитно не го кажа, излегувањето на пратеничката Лилјана Поповска од коалицијата „За подобра Македонија“, се должи токму на фактот што одбив да се вмешувам во работата на судот и обвинителството.

Тоа беше мој принцип како премиер и законска обврска.

Од она што го дознав во јавноста подоцна, по доаѓањето на СДСМ на власт и по заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, Кривичниот Суд го прогласи за виновен нејзиниот зет, кого лично не го познавам, ниту се сеќавам на неговото име, лик, ниту можам да тврдам дали е виновен или не.

Сепак го поздравувам фактот што по речиси едногодишна апстиненција во јавноста, откако скриена од очите на јавноста го премолче штетниот договор со Бугарија, неуставната двојазичност и актуелните дебати за промена на името, конечно се појави пред јавноста и на некој начин, повеќе потсвесно отколку свесно, раскажа зошто ја напуштила коалицијата со ВМРО ДПМНЕ“ напиша Груевски на Фејсбук.

Лилјана Поповска, инаку пратеничка од ДОМ, претходно изјави дека била уценувана со затворска казна за нејзиниот зет за сестра по одлуката за настапување на изборите во 2014 година самостојно.

Поповска порача дека тогаш во, како што вели, судско-полициска местка ѝ уапсиле половна од раководството на партијата меѓу кои и нејзиниот зет за сестра. Тие биле притворени и им се заканувала казна затвор од десетина години.

Таа смета дека Груевски и Сашо Мијалков им ги слушале телефоните и дознале оти планираат да ја напуштат коалицијата.

Притворените одлежале две години и три месеци, поради што тужеле во Судот за човекови права во Стразбур, каде што го добиле спорот и државата сега треба да им плати за неосновано држење во притвор, рекла Поповска

Спонзорирано: