10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Алкохолот е поштетен за мозокот од канабисот

Истражување во коешто учествуваа 850 возрасни лица и 430 тинејџери покажа дека алкохолот, а не марихуаната влијае на намалување на нервното ткиво. Додека сивата маса ги контролира мозочните функции, белата ја контролира комуникацијата на нервите и мозокот. Секое намалување на оваа маса влијае на функциите. Во истражувањето такво намалување не е забележано кај испитаниците кои консумираа само марихуана.

„Иако марихуаната може да има негативни последици, тие не се ни блиску до последиците што ги предизвикува алкохолот“, објаснува коавторот на студијата, Кент Хачисон.

Авторот Рејчел Тајер, од друга страна, предупредува дека многу научниците сè уште не знаат како марихуаната влијае на човечкиот мозок. Истражувачите наведуваат дека резултатите од влијанието на марихуаната на мозокот не се исти во сите истражувања. Во едно од истражувањето се покажало дека комбинацијата од алкохол и канабис го намалува ризикот од заболување на црниот дроб.

Спонзорирано: