8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за жена поради тешка кражба во стан

Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.Н.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение дека на 11.2.2018 година околу 18 часот на улицата „11 Октомври‘‘ во Скопје извршила кривично дело тешка кражба на дрзок начин.

Додека оштетениот бил во спалната соба, неговата сопруга во кујната, а малолетниот син во дневната соба, Е.Н. влегла во нивниот дом и од масичката во дневната соба одзела еден паричник во кој имало пари, платежни картички и лични документи, по што излегла од станот. Кога синот му кажал на таткото што се случило, тој веднаш излегол и ја стигнал Е.Н., но таа негирала дека нешто зела од нивниот стан.

Оштетениот го пријавил настанот во Полициската станица Центар, каде што дал опис на пријавената. Истиот ден пријавената била лишена од слобода и приведена во Полициската станица Центар и со неа бил извршен разговор. Во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од страна на оштетениот. Пријавената и претходно била извршител на вакви дела.